Скот Морисон во очајна трка за зачувување на мнозинството во Парламентот

Австралиската коалициска Влада на прајминистерот Скот Морисон, може да го загуби мнозинството во Парламентот, доколку владејачката Либерална партија доживее пораз на дополнителните избори за пратеничкото место кое остана испразнето по оставката на поранешниот премиер Малколм Турнбол.

На дополнителни избори минатава сабота во сиднејската изборна единица Вентворт, кандидатот за пратеник на либералите Дејв Шарма се наоѓа во тесна трка со независната кандидатка Керин Фелпс. Иако прво беше прогласена победа со 1.626 гласови разлика за др. Керин Фелпс, која гордо со својата партнерка славеше победа ноќта и сабајлето во неделата, сепак поштенските гласови кои се уште се бројат се повеќе го враќаат во игра Шарма. Преку 5,000 поштенски гласови не се избројани и може да не се знае конечниот резултат и повеќе денови. По традиција либералите имаат најголем број на гласачи кои гласаат по пошта.
Сепак досегашниот резултат претставува тежок пораз за либералите во изборната единица во Вентворт по цели 117 години бидејќи предтоа го држеа со преку 20 проценти разлика.
Импликациите за прајминистерот Морисон се тешки доколку либералите го загубат изборот на ова место го губат и мнозинството во Парламентот во Канбера. На своето прво интервју др. Фелпс одби децидно да се изјасни ако навистина победи како би гласала доколку во Парламентот се покрене иницијатива за изгласување недоверба на владиниот Кабинет, но навести дека се залага „за отслужување цел мандат на Владата”, кој истекува во мај следната година.

Останати вести