Скот Морисон за глобалните прашања

Скот Морисон вели дека е личност која може да се занимава со домашни прашања – но неговиот распоред на интернационални патувања говори нешто сосема друго.

Од август минатата година па се до сега, се наоѓаат посети на над 20 земји. Тешко е да се спои прајминистерската љубов кон надворешните работи и сопствената слика на личност која повеќе сака да седи дома. Морисон го искористи својот говор за надворешна политика да го претстави својот став за глобалните прашања и да ја покаже дека Австралија како земја нема да ги следи барањата што ги поставуваат глобалните организации, а кои се спротивни на националните интереси. Ова се смета за критика кон Обединетите Нации, и паничните повици за ужаси и катаклизми на некои од маргините на политиката за создавање на „една светска влада”. Воопшто не изненадува ова предупредување. Се зависи од тоа како го дефинираме националиот интерес, тема по тема. Тоа е и повторување на декретот на претседателот на САД, Доналд Трамп дека иднината не им припаѓа на „глобалистите” туку на „патриотите”. Скот Морисон е несомнено австралиски патриот, но неговите патувања покажуваат дека не бара состаноци со кои само се полни календарот со заговорниците на глобализацијата. Во првите 16 денови во улога на прајминистер учестувал на девет самити – два форуми за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC), два состаноци на земјите членки на Г20, еден на Г7, две конференции на Здружението на југоисточни азиски нации (AESAN), еден Пацифички форум и секако тука го вбројуваме и неговиот говор во Обединетите нации во септември. Постојат назнаки дека Морисон сфатил оти не се сите гласачи воодушевени од неговите патувања во време на сериозна суша, предвидувања за рецесија и економската напнатост меѓу САД и Кина.
Маркетиншки експерт каков што е, Морисон сигурно гледа на анкетата на Newspoll кој минатата недела го соочи прајминистерот со реалноста по неговото враќањето од САД, каде една недела беше гостин на Доналд Трамп. Резултатите на анкетата покажуваат дека незадоволството на гласачите од него пораснало за четири проценти, на 43%. Изгледа дека ова патување е одликувано со незадоволството на гласачите, и е последица од кампањата на социјалните медиуми кои ги прикажуваат настраданите од сушата и оние кои се прашуваат: „Каде е Скот Морисон?”. Кој и да е изворот на незадоволството, Морисон веднаш се зафати со домашните прашања, особено во областите погодени од суша. Откога стана прајминистер Скот Морисон посети 18 земји, некои од нив и повеќе пати како што се Нов Зеланд и Сингапур. До крајот на годината вкупниот број на меѓународни патувања на Морисон ќе брои посети на 21 земја. Тоа е навистина многу за лице кое е насочено кон домашната политика.

Останати вести