Зад добро осмислен говор на поддршка, се крие план за освојување на пратенички места во парламентот.
Партијата на “Зелените” изгледа ништо толку не сака колку што сака да држи прес-конференции. Дури и кога немаат што да кажат. Деновиве Adam Bandt, заменик лидер на оваа помала партија свика прес-конференција со намера да ги најави поддршките за изборите на 2 јули.
Зелените, рече Bandt, преферираат својата поддршката да ја дадат на лабуристите во изборните единици: Batman, Higgins Melbourne, Melbourne Port и Willis. Тоа и не е некоја вест. Поддршката на “зелените” ќе биде значајна само во Port Willis, што е добро, но тоа не е некоја новост за лабуристите и нивниот претставник во парламентот Michael Danby. Од секогаш така требало да биде. “Зелените” никогаш не ја преферираат Колацијата за сметка на лабуристите. Тоа јасно го кажаа на една од претходните прес-конференции. Во Мелбурн и Higgins, а можеби и во Willis, поддршката на оваа помала партија нема ништо да значи. Bandt ќе биде последниот кандидат на својата партија во изборната единица Мелбурн, каде ќе ги поддржи лабуристите. На министерката од редовите на либереалилте, Kelly O’Dwyer, нема да и треба поддршка во Higgins, додека гласачите наклонети кон “зелените” во Willis се на второто место.
Оваа не многу бомбастична вест Bandt ја објави велејќи дека гласачите во центарот на градот можат на мира да гласаат за “зелените”, знаејќи дека со тоа ќе гласаат за промена на власта. Тоа што новинарите навистина сакаат да знаат, а не беше кажано, е што планираат да направат “зелените” во изборните единици кои се надвор од срцето на Мелбурн. На прашањето за отворено гласање во изборните единици како што е во Bruce, Corangamite, Chisholm и Dunkley, Bandt рекол дека тоа е прашање за директорот на Државаната канцеларија. Претпоставуваме, по расправата со либералите. “Зелените” сакаат на лабуристите да им ја преземат изборната единица Batman, за да си обезбедат пратеничко место во Долниот дом. Победата во изборната единица Willis би била шлаг на тортата. Поддршката на либералите може да им донесе и едно и друго. Либералите секако сакаат да ги задржат Corangamite, La Trobe, Deakin и Dunkley, а да се земе било која лабуристичка единица, Bruce, Chisholm и McEwan би бил голем бонус. “Зелените” одат на отворено гласање наместо директно да ја дадат поддршката на лабуристите, затоа што така им се зголемуваат шансите.