За Битола подготвувам скулптура рис, висока 15 метри

Kога ќе бидат готови административните процедури, познатиот израелски уметник со руско потекло Руслан Сергеев, ќе изработи грандиозна скулптура за Битола.

Тоа ќе биде рис, заштитено животно и белег на Пелистер. Со тоа Битола ќе се вброи во листата на градови во светот кои имаат огромни скулптури на Сергеев, пишува “Дневник”. Освен по висината, неговите дела карактеристични се по мозаичните површини и функционалноста, луѓето може да влегуваат, шетаат и да се забавуваат во нив. Сергеев е автор на 95 пејзажни мозаични скулптури и девет уникатни паркови со скулптури во светот. Тој учествуваше на уметничката колонија во Битола, по што решил да направи скулптура како подарок за градот. – Kолонијата во Битола беше на доста високо ниво и почнав да работам скулптура на рис. Тоа треба да биде дело посветено на градот. Доколку се помине одредена процедура и доколку се договорат сите детели, рисот ќе се изложи на јавно место каде што ќе има движење. За децата и за возрасните ќе биде доста атрактивно да се качат по скалички. Ќе биде прва моја скулптура на Балканот, висока 15-20 метри, грандиозна, вели Сергеев за “Дневник” За сега најголема негова скулптура е „Штурецот”, висока девет метри, чии рогови само се долги неколку метри. Ширината и должината му се 24 на 18 метри. Се наоѓа во градот Модеин меѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел. Внесена е во картата на градот за туристите да може да ја посетат. За гледање е многу привлечна и многу функционална. Во неа има скали, лизгалки, да можат децата да се спуштаат по јаже, лулашки.

Останати вести