Прајминистерот Скот Морисон ја спореди апликацијата за следење контакти на лица заразени со коронавирусот со национално важните услуги велејќи дека рестрикциите мораат да останат ако доволен број не почне да ја користи оваа апликација.
Граѓаните заразени од северозападот на Тасманија се добар пример за тоа како вирусот може да букне во било кое време. Морисон вели дека е потребен поширок режим на тестирање, подобро следење на контактите и поголеми капацитети за да можеме локално да одговориме на епидемијата пред владата да почне да размислува за попуштање на рестрикциите.
Федералната влада разви апликација за следење на контактите, таа ги следи поврзувањата на телефонот преку bluetooth на лицето кое е заразено, додека е заразно. Најмалку 40 посто од граѓаните треба да ја инсталираат оваа апликација за резултатите од нејзиното користење да бидат ефикасни.
Морисон ја спореди оваа апликација со национална услуга. „Користењето на оваа апликација ќе помогне да се спаси нечии живот” – вели тој.
Се надева оти некои делови на економијата би можеле повторно да се стартуваат на средината на мај, доколку тестирањата, следењата и капацитетите за одговор на пандемијата достигнат соодветно ниво. Исто така одби да се исклучи воведувањето обврска за користење на оваа апликација.
„Ситуацијата е едноставна: ако луѓето ја инсталираат оваа апликација, и што поголем број ја користат, толку побргу ќе можеме да олесниме некои од рестрикциите” – вели Морисон.
Лидерот на опозицијата Anthonu Albanese, кој за овие планови дознал од медиумите, загрижен е поради можноста за наметнато следење. „Една од работите кои би се случиле како одговор на оваа мерка, е луѓето да престанат да ги носат мобилните телефони со нив” – им рече тој на новинарите. Paul Kelly заменик на главниот доктор, кој е теренски епидемиолог и се занимава со следењето контакти, вели дека оваа апликација на вработените би има дала „силна и прецизна можност за следење на секој потенцијално заразен”.