Голем пад на вредноста на Слејтер и Гордон

Илјадници случаи што се водат за отштета од повреда и групните тужби се под знак прашалник откако на берзата исчезнаа 750 милиони долари од вредноста на најголемата адвокатска фирма во Австралија, Слејтер и Гордон. 

Епскиот пад на акциите го покрена прашањето за финансиската иднина на компанијата, која сега вреди најмногу до 240 милиони од поранешните една милијарда долари кога беше една недела предтоа вреднувана на 20 ноември 2015.
Ривалските адвокатски фирми сега будно го следат хаосот со прашањето дали постои можност за групна тужба на акционерите против компанијата Слејтер и Гордон.
Слејтер и Гордон инаку е позната како фирма која специјализира во тужби за лична повреда за лица повредени во сообраќајни несреќи и на работа, а исто така предводеше големи групни акции против големите банки.
Мелбурншката фирма имала преголема изложеност на интернационалниот пазар за акции, а својот скромен почеток го имала пред 80-години кога е основана во синдикалната сала на улицата Bourke. Времето сега ќе покаже дали финансиските проблеми ќе влијаат врз работата на адвокатската куќа. Акциите на Слејтер и Гордон, во зенитот највисоко стигнаа до $ 7,85 за акција на 2 април, а сега се загрижувачки паднати на само 69 центи. Главната паника е што сега компанијата вреди само 240 милиони долари а нето долгот стои на повеќе од 600 милиони долари.

Останати вести