Најнови истражувања на генетскиот код на балканските народи
“Голема преселба на Словените на Балканот никогаш немало. Ниту некој тргнал од зад Kарпатите, ниту дишел со помош на трска за да го помине Дунав”, тврди Блаже Миневски во последниот текст објавен во “Дневник”.
Штом ова сега е и научно докажано, останува да се разјасни мистеријата како словенскиот јазик се раширил на Балканот, па негови верзии сега зборуваат: Словенците, Хрватите, Црногорците, Босанците, Србите, Македонците и Бугарите? Можеби преку дописен курс!? Зошто ли станал толку популарен и доминантен во средниот век? Па дури светите солунски браќа Кирил и Методиј ја превеле Библијата на тој јазик!
Додека не добиеме одговор за јазикот, еве што вели текстот на Миневски како аргумент за тезата дека Големата преселба никогаш не се случила:
“… Според најновите информации, досега повеќе од еден милион луѓе од разни држави направиле ДНK-анализа, па сега веќе има доволно добар примерок за точна и валидна генетска географија, односно за „генетска мапа на Европа”, а тоа значи и генетската мапа на Балканот. Врз основа на генетскиот материјал првпат е добиена реална, научно докажана слика за тоа кои се и од каде дошле Македонците, Србите, Хрватите, Босанците или Албанците.
Според истражувањето, Албанците се најблиску до народите на северна Африка, односно хаплогрупите Е2 и Е3 се најраспространети во Мароко и Aлжир. Македонците имаат најсличен ДНK-профил со Бугарите и Србите, а Хрватите со Босанците и Србите. Податоците на институтот „Игенеа” во Женева покажуваат дека словенскиот ген е минимално присутен кај сите денешни балкански народи, со што се урива митот за големата преселба на Словените. Kај Србите тој процент е 30 отсто, кај Хрватите 20 и кај Босанците 15 отсто, кај Македонците само четири отсто. Според генетскиот код, Босанците се наследници на Илирите 40 отсто, на Германите 20 отсто, на Kелтите 15 отсто, па дури потоа на Словените 10 отсто. На Турците, на пример, двапати поблиски им се Албанците од Србите и Македонците, а најдалечни им се Босанците.”