Успешен почеток на турнејата низ Австралија со претставата “Тројца зетои за Нада”, од познатата група хумористи “Солзи и Смеа”.
Ви приложуваме неколку фотографии од настапот во Мелбурн на битолските комичари кои ја пренесуваат атмосферата минатиов петок и сабота.
Со претставата „Тројца зетој за Нада” ја насмеа до солзи тукашната публика. Екипата од градот на конзулите дојде во силен состав со Саше, Диме, Валентина, Кумбата, Бојан и Маријанчо.
Остануваат уште три настапи во Австралија, не пропуштајте ја вашата можност да ги видите во живо, на 21 октомври ќе настапат во Волонгонг, на 27-ми во Сиднеј и турнејата завршува со последната претстава на 28-ми во Перт.