Трамп: Смртна казна за напаѓачот од Менхетн

Трамп бара смртна казна за узбекистанецот Саипов којшто со камионет изврши терористички напад во Њујорк. Белата куќа го прогласи за непријателски борец, и со Конгресот најави процес за укинување на лотаријата за зелена карта…

Претседателот на САД, Доналд Трамп бара смртна казна за напаѓачот кој со камионет усмрти и повреди цивили на Менхетн. „Терористот од Њујорк ентузијастички побара да го развее знамето на групата „Исламска држава” во болничката соба. Уби осуммина, а повреди дванаесет луѓе. Треба да добие смртна пресуда”. Челникот на Белата куќа најави и укинување на лотаријата за Зелена карта, нагласувајќи дека во вакви ситуации не треба да се применува политичката коректност.
„Лотарија за разновидност на населението- баш звучи убаво. Но, не е така. За нас, тоа не се покажа како добра работа. Затоа сум против неа. Со Конргесот почнуваме процес за укинување на програмата. Сакаме програма базирана на заслуги. Не сакаме групна миграција. Овој човек дојде и доведе со себе дваесетина други луѓе”, изјави претседателот Трамп.
29-годишниот Узбекистанец Сајфул Саипов е обвинет за тероризам, давање материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација, за насилство и за предизвикување штета со моторно возило. Призна дека бил инспириран од видеоснимки на Исламска држава. Празникот „Хеловин” го избрал за датум поради зголемениот број луѓе на улиците. Доколку не бил спречен од полицијата, нападот ќе го проширел и кон Бруклинскиот мост. Познајниците тврдат дека бил проблематичен член на заедницата, но не учествувал во насилни инциденти. Не бил на списокот на ФБИ, но контакирал со Узебикстанец кој бил под надзор на Бирото.
„Беше проблематичен и во нашата заедница, се расправаше со многумина. Немаше физичка пресметка, но беше дрзок. Не доаѓаше на предавањата од локалниот имам. Кога живееше во Охајо, не забележав радикални ставови кај него”, изјави Миракмат Муминов, познајник на напаѓачот.
Саипов е прогласен за „непријателски борец”, термин воведен по нападите од 11-ти септември, а употребен за затворање на стотина осуденици во Гванатанмо и други слични казнени центри. ФБИ трага и по втор осомничен учесник во нападот.

По нападот во Њујорк, Трамп ја укинува визната лотарија

Откако се утврди дека извршителот на нападот во Њујорк, узбекистанскиот исламист Сајфуло Саипов, пристигнал во САД преку визната лотарија, американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја критикуваше оваа програма. Трамп најави дека ќа ја укине лотаријата за добивање зелена карта откако, како што тврди, напаѓачот во 2010 влегол во земјата преку таа програма и уби осум лица во Њујорк.
„Терористите дојдоа во нашата земја преку она што се нарекува програма за визна лотарија. Мораме да бидеме и поригорозни и попаметни”, вели Доналд Трамп – претседател на САД. Лицето кое управуваше со возилото со кое беше изведен крвавиот напад во Њујорк, со месеци го планирал нападот и го извршил „во име” на екстремистичката група Исламска држава, соопштија од полицијата. А, Кобна годишнина од матурската прослава имаше за петмина Аргентинци во Њујорк…Група школски пријатели дојдени на забава, се најдоа меѓу жртвите кои беа на мета на белиот „камион на смртта”. Петмина од нив загинале на самото место. Само еден од друштвото, успел да преживее.
„Ужасно…Овие напади со камиони и автомобили.. едноставно нема како да ги предвидиш ниту да се спасиш”, велат граѓаните. Ова е прв случај на терористички напад во САД, изведен со камион, на ист начин како нападите во Ница, Берлин и Лондон. Скандирајќи „Алах Акбар”, напаѓачот возел во спротивна насока по улиците на Менхетен, по пешачки и велосипедски патеки. На крајот удрил во училишен автобус, па излегол од автомобилот, заканувајќи се со лажни пушки. Напаѓачот бил застрелан од полицијата и е пренесен во болница.
„Го видовме него како излезе од автомобилот. Носеше два пиштоли. Беше страшен.”
„На почетокот мислевме дека е вооружен напад во училиштето. Сите беа во паника”
„Ме плаши сето ова”, велат граѓани.
Истрагата покажала дека Узбекистанецот Сајфуло Саипов, како што беше идентификуван, и претходно и бил познат на полицијата. Властите во Њујорк инцидентот го нарекоа „кукавички и терористички” напад врз недолжни цивили.

По нападот во Њујорк, Трамп ја укинува визната лотарија

Откако се утврди дека извршителот на нападот во Њујорк, узбекистанскиот исламист Сајфуло Саипов, пристигнал во САД преку визната лотарија, американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја критикуваше оваа програма. Трамп најави дека ќа ја укине лотаријата за добивање зелена карта откако, како што тврди, напаѓачот во 2010 влегол во земјата преку таа програма и уби осум лица во Њујорк.

„Терористите дојдоа во нашата земја преку она што се нарекува програма за визна лотарија. Мораме да бидеме и поригорозни и попаметни“, вели Доналд Трамп – претседател на САД. Лицето кое управуваше со возилото со кое беше изведен крвавиот напад во Њујорк, со месеци го планирал нападот и го извршил „во име“ на екстремистичката група Исламска држава, соопштија од полицијата. А, Кобна годишнина од матурската прослава имаше за петмина Аргентинци во Њујорк…Група школски пријатели дојдени на забава, се најдоа меѓу жртвите кои беа на мета на белиот „камион на смртта“. Петмина од нив загинале на самото место. Само еден од  друштвото, успел да преживее.

„Ужасно…Овие напади со камиони и автомобили.. едноставно нема како да ги предвидиш ниту да се спасиш“, велат граѓаните. Ова е прв случај на терористички напад во САД, изведен со камион, на ист начин како нападите во Ница, Берлин и Лондон. Скандирајќи „Алах Акбар“, напаѓачот возел во спротивна насока по улиците на Менхетен, по пешачки и велосипедски патеки. На крајот удрил во училишен автобус, па излегол од автомобилот, заканувајќи се со лажни пушки. Напаѓачот бил застрелан од полицијата и  е пренесен во болница.

„Го видовме него како излезе од автомобилот. Носеше два пиштоли. Беше страшен.“

„На почетокот мислевме дека е вооружен напад во училиштето. Сите беа во паника“ 

„Ме плаши сето ова“, велат граѓани.

Истрагата покажала дека Узбекистанецот Сајфуло Саипов, како што беше идентификуван, и претходно и бил познат на полицијата. Властите во Њујорк инцидентот го нарекоа  „кукавички и терористички“ напад врз недолжни цивили.

Останати вести