Првиот човек на македонската заедница на Малта, Максимилијан Казаков, ја обвини Владата од Македонија дека се среќава со партиски војници од странство и манипулира во обид да прикаже ефективна соработка со дијаспората.
Казаков на министерот за дијаспора Едмонд Адеми му постави низа прашања кои навестуваат дека Владата нешто крие во врска со комуникацијата со дијаспората.
Адеми, пак, не одговара на нив.
“И по којзнае кој пат истиот обид за МАНИПУЛАЦИЈА! Во информацијата од Владата се вели дека остварила средба со претставници од дијаспората од одредени држави.
Бидејќи министерот Адеми како и обично од сегде го исшутираа по светот (македонските здруженија), Форумот за Демократска Македонија кој тој лично го инсталира му пропадна (влијание 0 меѓу дијаспората) сега решиле да викаат АНОНИМУСИ (партиски ликови) на некаква си средба со цел да покажат дека дијаспората стои позади Владата и демек соработува со нив.
Е, сега, драг министре Едмонд Адеми (уништувач на дијаспората) ајде одговорете на неколку прашања за да биде сликата покристална :
– Кои здруженија ги претставуваат луѓето?
– Дали здруженијата им се регистрирани во државите од кои доаѓаат или се фиктивни?
– Зошто сите здруженија од дијаспората не се информирани за оваа средба?
– По кој критериум одлучивте кој ќе биде на оваа средба?
– Што имаат направено овие луге за македонската дијаспора ( конкретни резултати)?
– Дали директорот на Агенција за иселеништво си спроведува партиска политика иако е одговорен за сите?!
– Спремни ли сте да излезете со документи од здруженијата на овие “претставници” и доказ дека сите здруженија се уредно поканети?
Да се разбереме, ова не е жалење што ние, дел од дијаспората со ЛЕГАЛНО формирани здруженија, не сме биле дел од оваа смешна средба.
Ова е чисто информативно да знае јавноста какви манипулации правите, демек некоја дијаспора ве поддржува.
Ова се ваши луѓе за кои ниту некој чул, ниту некој ги знае.
Пред неколку дена Адеми објави дека Владата по втор пат се сретнала со претставници од дијаспората во Владата, поставила темели за соработка и веќе создала традиција.
“Вечерва ја продолживме традицијата која ја почнавме минатата година. Ги отворивме вратите на Владата за дијаспората. Заедно со премиерот Зоран Заев остваривме средба со претставници на дијаспората од Шведска, Италија, Швајцарија, Германија, САД, Турција и Белгија. Оваа влада е и на дијаспората, ова веќе го потврдија и двете страни. Се надевам дека соработката ќе се зацврстува уште повеќе. Ние ги поставивме темелите”, напиша Адеми.
Некои од македонските организации во светот се стари и над 70 години но тие се целосно екскомуницирани од Владата на Зоран Заев.