Синдикатот на полицијата нема да се противи на воведување соба за корисници на хероин

Синдикатот на полицијата нема да се противи на предложеното пилотирање (тест период) на соба за сигурно инјектирање/вбризгување хероин во Мелбурн, затоа што службенците на полицијата често пати се тие кои ги „собираат деловите” кога луѓето умираат од предозирање.

Оваа најава на задругата на полицијата значи дека сите ограноци на итните служби или ќе дадат поддршка или пак нема да се противат на отварање на споменатите соби.
„Предозирањето со хероин најчесто е здравствен проблем, затоа што честопати доведува до смрт и ги остава нашите членови и другите службеници од итните служби во ситуации да ги собираат преостанатите парчиња кога трагично завршува човечки живот” – изјави секретарот на синдикатот Вејн Гат. Синдикатот вели дека отварањето на соби за сигурно инјектирање дрога како оние на Kings Cross во Сиднеј – нема да влијаат на операциите кои ги спроведува полицијата.
„Договорите како оние во Нов Јужен Велс не влијаат негативно на полициските операции насочени кон бробата против криминалот поврзан со дрогата и во Викторија исто така треба да се обезбеди ваквиот пилот –проект нема да ги доведе во прашање полициските активност” – вели Гат. Предлог законот на Фиона Патен, пратеник во горниот дом, чија партија е Sex Party неодамна доби ново име Reason (Разум), повикува на отварање соба за сигурно инјектирање за корисниците на хероин.
„Оваа најава значи дека ниту една организација нема да се противи на отварање вакви соби. Полицијата на Викторија е свесна за успехот и полициската поддршка на надгледуваните соби за сигурно инјектирање во Сиднеј” – изјави таа. Го повика премиерот Даниел Ендрус и лидерот на опозицијата Матју Гај да го променат својот став и да дадат поддршка на овој проект.
Предлог законот на Патен за овој проект во Richmond, повторно ќе се најде на дневен ред во парламентот во среда. Но, владата не го промени својот став за центарот за инјектирање дрога, вели гласноговорничката.
„Го примивме завршниот извештај на парламентарниот одбор и почнавме детално да го разгледуваме и во текот на следните неколку месеци ќе го дадеме својот одговор. Нашиот став за ова прашање е добро познат и е непроменет” – рече таа.

Останати вести