Собранието изгласа одложување на пописот и уреди за отпечаток од прст за локалните избори

Спорниот Закон за попис сепак останува истиот. По пет месеци пак ќе ги имаме истите проблеми.

Според овој закон сите попишани ќе бидат броени, со тоа што самопопишаните од дијаспората ќе бидат сосема видлива бројка. Можеби спојувањето на вкупниот број државјани толку им значи на албанските партии поради тоа што како резидентно население се помалку од 20%, па очекуваат да ја кренат таа бројка погоре со дијаспората
Со 95 гласа „за” и 12 „против” Собранието го одложи пописот кој требаше да се одржи од 1 до 21 април. За законот имаше и Бадентерово мнозинство. Против гласаа единствено пратениците од албанската опозиција Алијанса/Алтернатива.
Претходно во Комисијата за европски прашања биле доставени повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и три од Левица. Ниту еден не прифатен. Амандманите од Алијанса и Алтернатива биле неуредно доставени.
Статистичката операција се одложува по договорот Заев-Мицкоски. Според измените, пописот ќе почне на 5 и ќе трае до 30 септември, а очекувањата се дека поголем дел од граѓаните до тогаш ќе бидат вакцинирани. До 30о септември ќе тече и попишувањето на дијаспората преку онлајн апликацијата.
За опозицијата важно е да има измени во методологијата на попишувањето на дијаспората, односно таа само да се евидентира.
Пратениците ги донесоа и измените на Изборниот законик за набавка на читачите за отпечатоци за прст и одложување на локалните избори за втората половина на октомври (најверојатно на 20 октомври).
Поминаа и 16 други економски закони кои беа блокирани со месеци.

Останати вести