Собранието се “одјави“, изборите распишани за 12 април

Претседателот на Собранието Талат Џафери на 16 февруари (во неделата) доцна вечерта брзо-брзо ги распиша изборите поради временските рокови, за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.

Џафери првично најави дека изборите ќе ги распише во понеделникот претпладне, но по проверките е утврдено дека мора да се распишат најдоцна до неделата на полноќ, како што е сторено од собранискиот спикер.
Веднаш потоа и Државната изборна комисија закажа седница.
“Ден за инфаркт” – со спортски речник за неспортски настани
Неделата беше одредена да биде последен ден за овој состав на македонскиот парламент. А денот во Собранието го одбележаа тензии, поништено (првото, неуспешно) гласање за Законот за јавно обвинителство, напуштање на ВМРО-ДПМНЕ за дел од точките на дневниот ред, караница и навреди меѓу две пратенички, пауза и ставање нови закони за гласање… и на крајот – распуштање за кое гласаа 108 пратеника.
Главната цел за владејачката СДСМ беше пред распуштањето да бидат донесени три закона: за ЈО, за Советот на обвинители и за Одбрана.
ВМРО-ДПМНЕ побара да не се гласа за Законот за ЈО и пратениците демонстративно ја напуштија седницата. Рекоа дека ќе бидат во Собранието само за да го изгласаат распуштањето.
Талат Џафери го стави на гласање Законот за Јавно обвинителство кој по пребројувањето успеа да собере 74 гласови ( фале 6 гласа за потребните 80).
Потоа, откако се виде дека законот не е донесен, спикерот објави пауза по која ја врати работата пред гласањето. Наводно не видел дека за збор процедурално се јавила пратеничката Лилјана Поповска (што деловнички мора да го испочитува).
Откако повторно се стави на гласање ЗаЈо доби 80 гласа и спикерот Џафери објави дека е усвоен. Во меѓувреме имало ексресна мобилизација па оние кои пропуштија да бидат во пленарната сала веднаш беа повикани (Али Ахмети, Џеват Адеми, Амди Бајрам, Самка Ибраимовски, Лилјана Поповска, Никола Попоски и Даниела Рангелова).

Останати вести