Социјалното праќа и полиција

На северот на Мелбурн неделава се спроведува акција без преседан – лов на лица кои го злоупотребуваат системот на социјална помош, а вклучени се и федерални полицајци.

Тие, заедно со вработените од Министерството на општествени служби, тропаат на вратите на сомнителните лица во Крејгибрн и околните преградија. Повод за ова се алармантните податоци според кои Крејгибрн е означен како место во кое во последните пет години запишан е рекорден број нови приматели на помош во Викторија. За тоа време, уште 2.027 тамошни мештани влегле на список за социјална надокнада за невработени. Во пари, со се останато, само за социјална помош во ова населба Centrelink годишно одвојува $50,4 милиони долари, речиси $28 милиони повеќе отколку пред половина деценија. Од ноември 2015 година, истражните органи на Centrelink пронашле должници на речиси $30 милиони долари. Во еден случај, кој во Аделаид го воделе федералните власти, човек е осуден на 2,5 години затвор затоа што е прогласен виновен за измама, нечесно стекнување добит и кражба на идентитет. Во Нов Јужен Велс, човек кој пропуштил да пријави дека не живее сам, морал да врати долг од $110.000. Минатата година, уште 709 лица од регионот на Крејгибрн почнале да примаат помош за невработени или надокната за млади. Специјалното одделение кои ги вклучи и федералците, основано е во Викторија минатиот јули со задача да утврди во колкава мерка наводите на поединечни приматели на помош се вистинити. Веќе се најдени 780 лица кои пријавиле неточни податоци и со тоа на државата и останале должни вкупно $2,1 милиони. Министерот за општествени служби, Ален Таџ изјави дека зачувувањето на интегритетот на системот на социјалната помош е од клучно значење.
Додека мнозинство луѓе постапува исправно, жалосна реалност е оти некои свесно го мамат системот, додека други ненамерно занемаруваат да го информираат Centrelink за промена на нивните околности. Специјалниот тим се насочува кон потсетување на примателите на социјални надокнади дека нивна обврска е сите информаци за Centrelink секогаш да се точни и свежи, за да и самите го избегнат наталожувањето на долгот.
„Исто така цел ни е да го откриеме оној мал број кои свесно и намерно се одбидуваат да добијат повеќе пари на кои немаат право. Тие лица ќе бидат идентификувани и им се заканува судско гонење” – вели министерот.

Останати вести