Со доаѓањето на ниските температури нашиот имунитет ослабнува, а честите промени во температурата влијаат врз нашиот организам поради што сме склони на настинки и грип. Кељот помага во зајакнување на црниот дроб кој е задолжен за чистење на токсините од организмот, а ѓумбирот ги прочистува дишните патишта.
Кељ за прочистување на црниот дроб
Јакнењето на имунолошкиот систем започнува со чистење на црниот дроб кој е задолжен за детоксикација. Најдобра храна за црн дроб е кељ, брокула, зелка и зелена салата. Тие ја поттикнуваат работата на црниот дроб и го забрзуваат чистењето токсини од организмот.
Авокадо за настинка
Авокадото позитивно влијае врз надбубрежните жлезди и го зајакнува имунитетот. Богато е со аминокиселини и здрави масти кои го врамнотежуваат нивото на хормони во организмот, го намалува ризикот од инфаркт и помага во регулација на крвниот притисок, а се препорачува и за луѓе кои се склони кон настинки.
Ѓумбир за плуќа
Ѓумбирот е одлично средство за чистење на плуќата. Помага во прочистување на дишните патишта и синусите, на тој начин што го спречува дејството на токсините кои предизвикуваат инфекции. Може да се консумира како чај или да се користи како додаток во исхраната.
Овесна каша за намалување на лошиот холестерол
Оваа каша е богата со витамин Е и бета-каротен, а тие влијаат врз зајакнување на имунолошкиот систем. Таа го зголемува дејството на антибиотиците, а изобилува со влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.
Црна рибизла за вид
Освен морковите и боровинките, и црната рибизла е одлична за вид. Богата е со антиоксиданси кои го подобруваат видот во темни услови, а содржи и пет пати повеќе витамин Ц отколку портокалот, што ја прави совршен сојузник на имунитетот.<
Јајца за сјајна коса
Јајцата изобилуваат со железо и витамин Б12 кој го зајакнува влакното. Железото помага во борба со анемија, која најчесто предизвикува опаѓање на косата. Освен во исхраната, јајцата се одлични и во маска за коса бидејќи жолчката хидратизира, а белката ги отстранува вишокот маснотии.
Калинка за убава кожа
Витаминот Ц го содржи во големи количини, a тој го зајакнува имунитетот и има анти-воспалително дејство, па токму затоа им се препорачува на астматичари. Освен тоа, калинката ја чува кожата од прерано стареење и ја подобрува циркулацијата.
Семки од тиква за здраво срце
Овие семки се богати со магнезиум кој го намалув а крвниот приситок и ризикот од мозочен и срцев удар. Освен тоа, богати се со антиоксиданси, витамин Е и Б.