Трка на соларни автомобили долга 3.000 километри

Под жешкото австралиско сонце 42 соларни автомобили пред седум дена тргнаа од Дарвин кон Аделаид на трката долга 3.000 километри што е една од најтешките и најпрестижните во светот. 

Холандскиот тим ги предводеше соларните возила од 25 земји што излегоа од Дарвин додека публиката ги испраќаше со радосни извици и свирежи.
Повеќето автомобили се на универзитети и истражувачки центри, а еден тим од Тексас учествува со модел што го направија ученици во основно училиште.
Победници беа од Холандскиот тим „Нуон солар” кои беа и лански победници, а годинава има силна конкуренција од второпласинаниот исто така холандски универзитет “Твенте” и третопласираниот јапонски Универзитет на Токаи.
Возилата може да достигнат брзина од 50 километри на час по долгиот рамен автопат до Алис Спрингс.
Согласно со правилата на Светскиот соларен предизвик што се одржува еднаш на две години од 1987 година наваму, автомобилите мора да бидат целосно на соларен погон и да застануваат секој ден во 17 часот.
Неколку возила се повлекоа од натпреварот уште пред да почне поради технички проблеми.
Тимовите ги сервисираат возилата и кампуваат насекаде каде ќе застане трката низ пустината.
Најдобро пласиран од тимовите на Австралија беше осмопласираниот тим на “Клинерџи”.

Останати вести