Деновиве темата со ајварот се најде и кај „Солза и смеа”. Го најавија снимањето на спотот за најновата песна со насов „Ти лути ајварот”.
Велат дека ова е едно нивно изненадување за публиката пред турнејата во Австралија. Инаку дознаваме дека овојпат ќе настапат со ексклузивната комедија “Тројца зетои за Нада”, која е подготвена специјално за тукашната публика.
Наското ќе имате можност во живо да ги видите комедијантите на „Солза и смеа” со првите два настапи овој петок и сабота во Мелбурн во Plenty Rangers Arts & Convention Centre во Саут Моранг. Потоа во сабота, на 21 октомври е настапот во Волонгонг, в петок, на 27 октомври е Сиднеј и во сабота, на 28 октомври турнејата завршува со гостувањето во Перт.
