Возачот го слушнал возот, ама си рекол “море ќе поминам”!?
Возот кој се обраќал на релација Велес – Градско удрил во задниот дел на автомобил-такси, при што загина 23-годишно момче од велешкото село Ногаевци а тројца други патници и возачот се поврдени.
Несреќата се случила околу пладне, на обележан железнички премин. Возилото „форд галакси” кое го управувал таксист, секој ден ги собирал истите патници од Градско и селата Виничани и Ногаевци и ги носел во велешката болница на дијализа. Така било и овојпат.
Иако и звучната и светлосната сигнализација предупредувале дека доаѓа воз, кога стигнал до преминот, возачот на таксито сепак решил да премине преку пругата.
Возот ги удрил на страната каде што седело момчето и наместо го усмртило. Еден од патниците со потешки повреди е пренесен на скопските клиники. Останатите тројца се со полесни повреди.
Железничкиот премин кај селото Ногаевци нема рампи, но е обележан со сигнализација и безбедносни камери.