Во првите шест месеци од 2019 година во сообраќајни незгоди на патиштата низ Република Македонија загинале 70 лица (за споредба, во Мелбурн се 92 – на население од скоро 5 милиона).
Овие статистички податоци навестуваат дека 2019 година ќе биде најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години. Индикаторот на смртност во Македонија го надминува просекот на ЕУ за 16 %. Тоа значи дека во просек за толку проценти повеќе се гине (во спроедба со популацијата) на македонските отколку на патиштата во ЕУ.
Најчести фактори за случување на сообраќајните незгоди со потешки последици се брзо возење, непочитување на првенство на минување, управување под дејство на алкохол, не држење страна и правец на движење, непрописно движење и свртување и грешка на пешаци.
Лани имало 118 загинати
Во 2018 година, според податоците од Министерството за внатрешни работи, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи во Репибликата изнесува 118. Најголем број од жртвите биле во Скопје 32, Штип 19, Тетово 15, Битола 18, Охрид 12, Струмица 11, Куманово 7 и Велес 4 жртви.
Според причините за сообраќајките, поради брзо возење во 2018 година во Македонија 43 лица, а 1.069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди.
Истражувањата покажуваат дека 86 % од возачите во Македонија барем еднаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината, а 20 % од нив тоа го прават често.