Совет од Огненовски за младите играчи: Одете да играте во Eвропа

Репрезентативецот на Австралија, нашиот Сашо Огненовски ги предупреди младите фудбалери да ја стават кариерата во преден план пред парите и да одат во Европа наместо во Азија или Блискиот Исток.

Ветеранот на Австралија, 34, смета дека играчите треба да одат во подоцнежните години од нивната кариера во Кина или во Обединетото Арапско кралство за да го зголемат своето салдо во банката. Но смета дека иднината на националниот тим ќе зависи од оние играчи што се натпреваруваат во најсилните лиги, отколку оние што најскапо се продале.

Во неговата втора година во лигата на Катар со Ум Салал, Огненовски се надева дека ќе игра уште една година во државата каде што не се плаќаат даноци пред да стигне до крајот на својата кариера.

Останати вести