Macedonian Community Council of Melbourne and Victoria Inc Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија

(Советот) сака да ја извести Македонската јавност дека будно ги следи случувањата во Република Македонија како и реакциите на низа организации во Австралија поврзани со тие настани.

Советот нема дадено подршка на било која организација во врска со закажаните мирни демонстрации оваа недела пред Генералниот Конзулат на Република Македонија.
Како резултат на чувствителноста на ситуацијата во Република Македонија, Советот смета дека присуство на протестите од страна на Советот не би влијаел позитивно во разрешувањето на политичката криза.
Советот е независна, невладина и непрофитна организација која ги заштитува интересите на сите Македонци во Викторија и како таква порачува до сите политички структури во Македонија:
1. Да престанат со меѓусобните обвинувања и да ја стават во преден план безбедноста на Македонскиот народ.
2. Да не доведат до нарушување на интегритетот на Република Македонија
3. Да го стават во преден план националниот интерес на државата
4. Да го почитуваат владеењето на правото, уставот и законите на Република Македонија
5. Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов да ја поништи одлуката за аболиција
6. Дека најлегитимен начин за разрешување на кризата во Република Македонија е преку одржување на избори кои ќе бидат фер и демократски
7. Да се искоренат криминалот, корупцијата и непотизмот од сите сфери на општествениот живот во Република Македонија
8. Насилството не е начин за решавање на политичката криза во државата
Советот цврсто верува дека сите политички структури имаат капацитет преку дијалог и взаемно почитување да најдат решение за состојбите во Република Македонија и да ја насочат државата кон Европските интеграции.

Со почит
Советот на Македонската Заедница
за Мелбурн и Викторија

Останати вести