Советот на Македонската заедница во Мелбурн, со информативна кампања против референдумот

Претседателот на Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија Зоран Здравески заедно со Меги Николовска, Анџелик Соклев Тасески и Ѓорги Георгиевски водеа интересна пропагандна кампања минатава седмица возејќи се низ Мелбурн со две колекционерски возила.

Легендарните возила на Волксваген малото комбе и популарната “бубачка” беа накитени се пароли за бојкот на претстојниот референдум.
Советот со оваа иновативна кампања се движеше низ градот и ги прашуваше луѓето дали се сложуваат со наметнатото решение и промена на иметот на Република Македонија.

Останати вести