Владата го претстави пакетот за поддршка на туризмот во изност од $928 милиони со цел да се зголеми бројот на патувања до локалните дестинации, додека меѓународните рути остануваат и понатаму затворени поради пандемијата со коронавирусот.
Пакет субвенции за авионски билети за патници, евтини кредити за мали туристички компании и финансиска помош за двете најголеми авиокомпании во земјата е осмислен со цел да преживее туристичкиот сектор додека не се вратат странските туристи.
„Овој пакет ќе донесе повеќе туристи во нашите хотели и кафулиња, во обиколки и истражување на нашите домашни знаменитости. Тоа значи повеќе работни места и вложување во туритичкиот и воздухопловниот сектор, додека Австралија иде кон победа во борбата против вирусот и ограничувањата кои нанесоа голема штета на компаниите” – изјави прајминистерот Скот Морисон.
Туризмот е двигател на растот на австралиската економија, генерирајќи БДП од $60.8 милијарди во 2018/19 година и вработува околу 5 отсто работна сила во земјата. Секторот е тешко погоден кога пред една година се затворија меѓународните граници за да се спречи ширењето на пандемијата, со неколку исклучоци за државјаните кои се враќаа дома и во специјални случаји. Со затворањето на внатрешните граници само се зголеми падот на туристичкиот сектор.
Пакетот вклучува и $200 милиони за двете главни авиокомпании во земјата, Qаntas Airways Ltd и Virgin Australia кои ќе се подржуваат од април до октомври оваа година.
Субвенцијата од 50 отсто од цената за 800.000 авионски билети ќе биде насочена кон дестинации кои обично во голема мерка зависат од странските туристи, а ќе бидат достапни од април до крај на јули.