Спасен питон кој бил на тешки маки

Спасувачи на змии во Квинсленд спасиле питон кој бил прекриен со стотици крлежи. Питонот кој бил многу болен бил фатен во базен во двор во Голд Кост.

Професионалниот фаќач на змии го спасил питонот, и му ги отстранил крлежите па го однел во ветеринарна клиника. Спасувачот Тони Харисон вели дека отстранил дури 500 крлежи од питонот на кој му дале име Најк, според Тони питонот влегол во базенот зошто сакал да се ослободи од нив.
-Целата глава му беше отечена, беше целосно покриен со крлежи – рекол Харисон.

Останати вести