Спасувачите потврдија дека спасиле 94 китови

Спасувачките екипи потврдија дека спасиле вкупно 94 китови кои беа дел од масовното насукување на западниот брег на Тасманија.

Шест китови беа ослободени, а спасувачите се надеваат дека преостанатите 12 заглавени на песочната плоча во пристаништето Меквори се уште можат да бидат спасени, и покрај тоа што тимовите се исцрпени од четиридневниот напор.
– Мислам дека сите се уморни и го чувствуваат заморот. Тоа беа долги денови, им рече на новинарите Ник Дека, менаџер на Парковите во Тасманија.
Властите го ревидираа бројот на мртви китови на 350. Првично се проценуваше дека угинале 380 од приближно 470 китови кои се насукаа минатата седмица.

Останати вести