Австралиски специјалци мачеле и убивале затвореници, стои во извештајот кој е нарачан пред четири години, а се занимава со воени злостори и скандали во периодот од 2001 до 2018 година и е даден на воениот врв, пишува еден од најстарите и најугледните австралиски весници „Ди Ејџ”.
Овие информации биле основа за истрага за воени злостори што наскоро ќе биде завршено.
Во извештајот, во кој имал увид весникот, се вели дека австралиски војници убивале невооружени цивили со огнено оружје и вршеле злостор, направиле голем број убиства, честопати прославувајќи ги тие пирови.
Бројни и детални сведочења на војници и цивилни сведоци се наоѓаат во извештајот, а истрагата, која би требало да резултира со обвинение, идентификувала дел од припадниците на специјалните сили осомничени за воени злосторства.
„Злочините биле нормални за специјалците, оние кои на тоа ќе се спротиставеле, биле маргинализирани. Војниците се натпреварувале во убивања и во нехуманиот третман на затворенците и биле жедни за крв. Одредени злостори биле „заташкувани”, пишува во извештајот.
Медиумите велат дека ваквите злочини можат да се споредат со оние на американските сили за време на Виетнамската војна, како што е крвавиот пир во Ми Лај, или тортурата во Абу Граиб во Ирак.
Рациите во авганистанските села изгледале така што специјалците упаѓале во нив, ги заробувале мажите и момчињата, ги врзувале и мачеле додека ги испитувале.
„Се случувало некои од затворениците после тоа да бидат најдени убиени со куршум во глава, со пресечени грла. Две момчиња од 14 години, кои биле осомничени за соработка со талибаните, исто така се најдени со пресечени грла, нивите тела биле ставени во вреќа и фрлени во река. Ова се докажани тврдења, пишува во извештајот.
Се додава и оти оние кои не ги правеле злосторите, знаеле за нив, или учестувале во заташкувањето.
Извештајот укажува на пропусти во австралискиот одбранбен систем поради неадекватен избор на команден кадар во специјалните единици и отсуство на можноста војниците на надредените да им пријават воени злосторства без страв од одмазда.
Војниците правеле злостори за да се докажат и да бидат прифатени во единицата, а сведочењата на одредени припадници на специјалните сили кои во извештајот наведуваат дека во нивните редови имало „вистински психопати жедни за крв кои ние самите ги одгледавме”.
Во извештајот е објаснето дека припадниците на специјалните сили ги злоупотребиле правилата за употреба на оружје за да ги направат злосторите. Исто така се наведуваат примери дека невооружени Авганистанци, кои бегале, биле убиени со објаснување дека се обиделе да дојдат до оружје.
Локалните медиуми велат оти под најголемо сомнение за воени злостори се командантите на одредени специјални единици.
„Тие, со своите групи од четири до шест војници, ги направиле некои од најстрашните забележани убиства кои се истражуваат” – наведува весникот „Ди Ејџ”
Тоа го потврди и генералот Ангус Кембел. Меѓутоа, тој изјави дека слично може да се тврди и за нивните сојузници Британците и Американците, кои честопати имале заеднички патроли со австралиските специјалци. Тоа е наведено и во доверливиот извештај, каде е цитирана изјава на еден од австралиските војници во кој се вели „сите лоши работи што ние го правевме, ги правеа и Американците и Британците, и тоа уште полоши”. Американската војска процесирала неколку свои припадници поради злостори во Авганистан, додека во Британија во тек се истраги.