Што би се случило ако наместо парите да ги трошиме на вечери од три главни јадења и балови во хотели, на истиот бизнисмен да му понудиме кобасица и леб и да му кажеме една ноќ да помине на отворено?
Идејата да се спие на отворено за менаџери не е собирање на богати луѓе да спијат надвор, идејата е тие да се натераат да се поистоветат за миг со бездомниците, тука всушност почнува шокот. Во време на организирање помодарски добротворни акции, тренд слогани, можеби е и уште потешко да се натераат луѓето да ја разберат сложената бруталност која води кон сиромаштво. Ова спиење на отворено за менаџери е чуден сопатник за Друштвото Sv Vincent de Paul – организација стара век и половина посветена на помагање на оние кои се наоѓаат на долните скалила на општествената скала, на оние кои паднале да живеат на улица. Ова е движење кое е посветено на дното, а не на врвот на градот. Но, пред 14 години извршен директор за финансии од западен Сиднеј, кому му било доста од приредување скапи вечери кои многу го чинеле, а не носеле многу пари, добил идеја.
Џо Хилдебранд се бори против временските неприлики за време на најладните денови во годината и спие во картонска кутија во Сиднеј. Еве и зошто:
Постои исконска лудост да се замине од удобниот дом на најладниот ден во годината за да спиете надвор на дожд. Тоа се коси со сите животни инстинкти и потреби кои ги имаме за засолниште, топлина и безбедност. Тоа е целосно неприродно.
Никој ни ни тврди дека тоа е слично на симулација на вистински бездомник, најмалку оние кои ги организираат овие настани: луѓе кои секој ден сочувствуваат со вистинските бездомници. Идејата е да на овој начин се шокираат богатите и влијателните луѓе и да направат нешто во врска со вистинското бездомништво, а другата работа која мора да ја знаете за спиење на отворено за менаџери – ова не е тоа што навистина ќе ве шокира.
Денот кога спиењето на отворено се одвива е, до сега, најладниот ден во Сиднеј, но тоа воопшто не ми пречи. Прво, јас сум од Мелбурн, Сиднеј не ни знае што е студ. Освен тоа, не мора да се грижите за студот, туку за влагата. Најавени се обилни врнежи на дожд, цела ноќ. Се спие на бетонски док на крајот на пристаништето во Сиднеј, па исто така ќе бидете на отворено. Никогаш не сум бил толку загрижен за времето. Стигнав во „зоната за спиење” во пристаништето со тенко парче картон во рака. Дури тогаш забележав дека бетонот е мокар. Дождот се врати. Организаторите тоа го најавија: „Ќе ја поместиме зоната за спиење на непознато место. Да, значи сето ова е лажно. Лажно е, тоа е пласибо за чувство на вина за средните класи. Како и да сакаат да го нарекуваа критичарите овој настан. Единствено вистинско прашање кое се поставува е на кој му е гајле?
Убавината на организацијата Sv Vincent de Paul е дека се работи за луѓе кои не се насочени на еден проблем или една причина. Се работи за луѓе кои се занимаваат со кризи во сите форми.
На крај доаѓаме до последната мала тајна на спиење на отворено: не е вистина дека парите не можат да греат навечер. Единствен трик е дека треба да ги подарите.