Според „Викиликс“- Еве како преговарале Груевски и Црвенковски со Американците

Депеша на Амбасадата на САД во Скопје од 29 јули 2008
Класифицирано од: DCM ТОМАС Ј. НАВРАТИЛ ЗА ПРИЧИНИ 1.4 (Б) И (Г). 

Елементи на договорот

1. (Ц) Амбасадата на Скопје оценува дека во контекст на договор кој го отвора патот за членство во НАТО и македонската влада на крајот би ги прифатила следниве термини:
– Име: Republic of Northern Macedonia (or: Republic of North Macedonia)
– Опсег: во сите меѓународни организации, плус билатерално од која било земја што не сака да го користи уставно име. (Иако не сме разговарале за ова експлицитно, веројатно меѓународните договори ќе ја следат истата шема, во мултиратералата со користење на новото име а во билатералните односи по избор – новото или старото). Македонија ќе го искористи нејзиното уставно име во врска со себе, за пасоши, етикети на производи, во медиумите итн.
– Идентитет: Јазикот и националноста ќе биде македонски/Македонец, но за ова може да се постапи премолчено, можеби како последователен анекс кон Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, или во некои други внатрешни ОН документи што не се предмет на грчко разгледување/одобрување. Во крајна линија на Македонија и треба уверување дека нивниот јазик, националност, итн. и понатаму ќе се нарекува македонски, не северномакедонски.
2. (Ц) Во мигов премиерот Груевски би се прифатил неколку исклучоци од овој пакет. Тој сака модификаторот да биде внатре во загради; тој сака признавањето на македонскиот јазик и националност да биде експлицитно, а не премолчено. Тој би сакал да се ограничи употребата на ПЈРМ. За билатерална употреба, тој би сакал ОН само да го авторизира, наместо да го поттикнува или препорачува користењето на новото име. Слично на тоа, ќе се обиде да го ограничи користењето на новото име за меѓународни договори. Сепак, ние очекуваме дека на крајот ќе одлучи да разговара и за овие прашања ако преку нив го добие договорот. Во секој случај, тој го стави референдумот како дел од неговата владина платформа и ќе инсистира на негово одржување. Постигнувае на договор во септември ќе овозможи време за одржување на тој референдум и усвојување на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН пред декемврискиот NAC.
3. (Ц) Проценката на амбасадата во Скопј се заснова на разговорите водени со премиерот Груевски и Претседателот Црвенковски. Овој допис, заедно со Атина 1030, ги осветлуваат суштинските јазови помеѓу македонските и грчките позиции во мигов.

Амб. Миловановиќ со премиерот Груевски на 25 јули
4. (Ц) По дискусијата за загриженоста поради случувањата во Македонија а кои можат да влијаат врз перцепциите на НАТО за подготвеноста на Македонија (изборни проблеми, проблеми во парламентот, спектакуларни апсења, ребаланс на буџетот далеку од МО) Амбасадорот ја повика Македонија да преземе мерки не само за да не се лизне под критериумите на НАТО, туку и да го задржи чекорот со напредувањето на НАТО. Груевски побара од своја страна ако можеме да го решиме проблемот со името. Амбасадорот одговори на тоа ние сме подготвени да и помогнеме на Македонија за тоа, и дека предлагаме фокусот да се задржи исклучиво на клучните области на името и употребата, без вклучување на други билатерални прашања.
5. (Ц) Груевски го изрази своето мислење дека Грција е решена да не го реши ова прашање, но истовремено отвори и други прашања (т.е. за етничките Македонци во Грција). Груевски ја поздрави следната рунда разговори на амб. Нимиц во средината на август и е подготвен да го прими Нимиц, со повик за средба меѓу Груевски, Караманлис, и сек. (Кондолиза – н.з.) Рајс ако разговорите во август одат добро и донесат напредок кон решение.

А/С Хил сo Премиерот Груевски, 26 јули
6. (Ц) А/С Хил праша за линии на комуникација со Грција и Груевски го спомена само процесот преку ОН. Груевски ја сподели својата проценка дека грчката страна нема намера да го реши проблемот. Тврдеше дека од минатиот октомври до сега позицијата на Караманлис се стврднала. Веќе не бара ново име што ќе го замени ПЈРМ, Караманлис сега се обидува да го прошири опсегот на секаква употреба и го ограничува македонскиот идентитет, историја, користење на топоними. Груевски рече дека е подготвен да го реши ова, врз основа на вистински, разумни црвени линии. Хил рече дека му е потребно да биде сигурен дека македонскиот народ нема да стане фрустриран и да покаже националистичка реакција. Груевски рече дека такво нешто веќе се случува во Грција.
7. (Ц) Груевски се повика на неодамнешната анкета што ја нарачало ВМРО при што само 13 отсто од Македонците ќе го прифати името Република Северна Македонија.
Меѓутоа, ако имало предлог да се користи такво име со одредницата во загради и да го замени ФИРОМ секаде каде сега се користи, како и признавање на националноста и јазикот да се нарекуваат македонски, Груевски изрази уверување дека таквото решение јавноста ќе го поддржи на референдум.
Тој рече дека самиот ќе го поддржи, би очекувал и претседателот Црвенковски да го поддржи, како и меѓународната заедница и медиумите, а потоа и народот со двомесечна јавна кампања ќе го одобри.

Амб. Миловановиќ и А/С Хил со претс. Црвенковски, 27 јули
8. (Ц) Црвенковски рече дека сегашната ситуација со името e блокиранa и тој е загрижен од тоа што и привремената ситуација може да стане постојана. Сите, вклучувајќи ја и меѓународната заедница, се навикнуваат на ситуацијата која се заканува да стане трајна. Тој е песимист од две причини: Караманлис и Груевски.
9. (Ц) Црвенковски смета дека Грција може да се согласи на Северна Македонија. Хил праша за македонскиот идентитет и јазик. Црвенковски рече дека можниот излез е грчката позиција дека се дискутира за име на земјата, а националноста и јазикот не се дел од разговорите. Само името и обемот на употреба се предмет на разговори со Грција. Македонија треба да го зачува македонскиот јазик и националност / идентитет, а ова би можело да биде само според Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН (во прилог), каде што Грција не мора да се потпише и на тој начин ќе си го спаси лицето. Црвенковски вели дека Нимиц го разбира овој пристап.
10. (Ц) Црвенковски смета дека Република (Северна) Македонија, со опсег на користење секаде каде што сега се користи ФИРОМ, ќе функционира. Вели дека обемот го смета како најпроблематичен елемент. Пред Букурешт Македонија прифати да биде препорачано другите држави да изберат дали билатерално ќе го користат (или да им се препорача да го користат) договореното, наместо уставното име, но последниот предлог на Нимиц инсистира на целосна меѓународна употреба што е премногу. Премногу е секоја формула која бара Македонија да се нарече нешто друго освен Република Македонија, на пример на пасоши или производи. Една работа е разговарање за тоа како другите да ја нарекуваат Македонија, и под кои околности, но далеку надвор од опсегот на можни / разумни дискусии е да се разговара во смисла на диктат Македонија себеси да се нарекува поинаку од своето уставно име.
11. (Ц) Црвенковски рече дека тактиката на Грција е да провоцира промена на целите и продолжување на преговорите. Но, тоа не е причина за Македонија (премиерот Груевски) да ги прифати истите тактики (на пр. додавање на егејското македонско прашање во тенџерето). На Македонија и е потребна брзо решение а на Грција спротивното, па зошто би ја имала истата тактика на опструкција и одложување? Но, премиерот Груевски ја прифаќа токму таквата тактика за одложување.
12. (Ц) Црвенковски е загрижен дека со Албанија и Хрватска на пат кон НАТО/ЕУ, а и Србија исто така, Македонија е во сериозна опасност да биде помеѓу последните од Балканот што е влезе во НАТО и ЕУ (со Босна и Косово), што е многу лошо.
13. (Ц) Црвенковски, исто така, коментираше дека не гледа регионален проблем (сега кога Косово е независно и Србија се движи во вистинската насока) што ќе го привлече вниманието на Брисел и Вашингтон да се фокусираат на Македонија. Прозорецот на можности брзо се затвора.
14. (Ц) Црвенковски исто така е загрижен дека дури и во случај Караманлис да прифати разумен предлог за
името (1) Груевски ќе побегне од одговорност за склучување на договорот и (2) ако не успее во избегнување на одговорноста ќе оди на референдум БЕЗ препораки јавноста да гласа “за”. Резултатот од референдумот би бил со помош на повеќепартиска поддршка во Македонија, но исходот ќе зависи од тоа какво е прашањето. Ќе се добие “да” ако прашањето е: “Сакате ли влеземе во НАТО и да почнеме преговори со ЕУ под името Република (Северна) МК? Но ќе пропадне ако прашањето е: “Дали сакате да го предадеме уставно име во корист на …” (3) Груевски не гледа на ЕУ и НАТО како доволно висок приоритет за да ризикува да даде поддршка на решението на спорот или за позитивен референдум.
15. (Ц) Црвенковски смета дека прашањето за компензација на егејските Македонци и прашањето за шиканирањето на границата и забраната за влез во Грција на овие луѓе може единствено да се реши кога ќе се реши прашањето за името и Македонија ќе влезе во ЕУ. Затоа што тогаш грчките шиканирања ќе бидат во спротивност со правото на ЕУ, во која ќе биде и Македонија. Значи, иако Груевски ги поставува егејските Македонци како националистичка причина за спротивставување на Грците, во пракса вистинското решение за проблемите на тие луѓе е да се постигне компромис со Грците (со претпоставка дека Карамалис ќе прифати пристоен компромис).
16. (Ц) Црвенковски силно сугерираше голем притисок од страна на САД паралелно со предлогот/посетата на Нимиц во средината на август. Тој сугерираше предлогот да биде на само една страница и адресиран само на името на Република Северна Македонија и нејзиниот опсег (каде и да се користи ФИРОМ) и да биде “земи или остави” понуда. Ова може да се направи на маргините на Генералното собрание на ОН. Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН ќе вклучи анекс за потврдување на јазикот и националноста на Македонците, а Црвенковски е убеден дека Грците ќе го прифатат ова ако не треба директно да го потврдат или да го потпишат. Само нека биде анекс од Резолуцијата на Советот за безбедност.

Миловановиќ

Останати вести