Од минатава недела секој вистински љубител на Престон Македонија ќе може да се облече во официјалната тренерка или џемпер на клубот.
Ќе треба да побрзате да се снабдите со оваа лимитирана едиција што секој поддржувач на Престон Македонија ќе сака да ја има. Квалитетот е како што сме навикнати од познатиот германски и светски бренд “Адидас”, а тука се исто така и шаловите, капите и чадорите со логото на клубот. Се очекува наскоро и годинашните фудбалски маици наскоро да се најдат во продавницата на клубот која е отворена на секој домашен натпревар.

