Спречен атентат врз премиерот на Косово

Полицијата на Косово спречила атентат врз премиерот Иса Мустафа, соопшти онлајн изданието на весникот „Коха Диторе”.
Две лица се обиделе „да ја пресретнат и нападнат” моторизираната придружба на премиерот.

Тие сакале да фрлат метални предмети под тркалата на колоната од автомобили, за да бидат пукнати гумите и да биде запрена моторизираната придружба, во која патувал премиерот. Полицијата сепак им попречила.
„Полицијата веднаш интервенираше и го спречи нападот на лицата кои избегаа. Тие оставиле завиткани во хартија пакети во кои имаше метални предмети за пукање на гумите, а исто мобилен телефон”, гласи пораката на Министерството за внатрешни работи.
Премиерската моторизирана придружба го продолжила својот пат без никакви тешкотии, а властите пристапиле кон потрагата по осомничените во обидот за атентат.

Останати вести