Москва: Спречен терористички напад врз колоната Бесмртен полк

Руските безбедносни сили спречија терористички напад врз колоната Бесмртен полк во Москва за време на прославата на Денот на победата, соопшти заменик-министерот за надворешни работи, Олег Сиромолотов.

„Неколку групи се притворени, тие планирале експлозии за време на маршот Бесмртен полк и подготвувале оружје”, изјави Сиромолотов за Тасс.
Специјалните сили извршиле акции во западен Сибир, каде терористите биле базирани и уапсиле 20 лица.
Во периодот помеѓу 21 и 24 април, во Русија биле елиминирани 26 терористи, рече Сиромолотов, кој е задолжен за антитероризам, а претходно работел во Федералната служба за безбедност. Маршот на Бесмртниот полк е организиран на 9 мај по повод одбележување на Денот на победата во Москва. Граѓаните носеа портрети од своите роднини кои учествувале во војната и ги дале своите животи за победа над фашизмот.
Во маршот покрај претседателот Владимир Путин присуствуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Останати вести