НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА 3 НА ВИКТОРИЈА, 2 КОЛО
На својот прв натпревар во гости “лавовите” играа извонредно и забележаа висока победа која долго ќе се памти. Навистина неверојатно понижувачки и тежок пораз во вечерниот натпревар доживеа домаќинот кој во првото полувреме можеби имаше некаква надеж кога губеше само со 0:2. Но, во вториот дел беа толку слаби што некои од фудбалерите на Спригнваел на моменти се криеа под маицата од срам.
Тренерот Љупче Ацевски и целокупната управа сигурно се задоволни од овој резултат но се уште не знаеме со сигурност дали екипата е толку силна или пак противникот беше очајно слаб.
Од почетокот Престон играше цврсто и напаѓачки и во 5 минута падна првиот гол а стрелец беше Џејмс Пол. Потоа се играше доста изедначена игра во која и двете страни имаа по некоја шанса и удар кон голот. Десет минути пред крај на првото полувреме мајсторски испратена долга топка до Роберт Стамболџиев кој со брз спринт се најде сам пред голот и веќе беше 0:2.
Во вториот дел се играше 50 минута кога со прекрасен волеј надвор од казнениот простор повторно Стамболџиев ја затресе мрежата за 0:3. И од тој момент започна брзо да тоне бродот на домаќинот и се редеа головите на: Алекс Скиаво, Крис Давис, Карл Баричевиќ, повторно Скиаво, Локи Риус и Крис Давис. Додека конечниот резултат го постави Риус со својот втор гол вечерта во 87 минута за 0:10.
Судијата свиреше крај точно на 90 минута не сакајќи да ја гледа понатамошната агонија на Спрингваел Вајт Иглс кој брутално беше прегазен.
Престон Македонија: Матју Симс, Џејмс Харан, Карл Баричевиќ, Локлан Риус, Бенџамин Ливидикос, Роберт Стамболџиев, Андрија Роксандиќ, Алекс Скиаво, Матју Кундари, Џејмс Пол и Кристофер Давис.
Во петок, на 9 април, Престон Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Мелбурн Виктори со почеток во 20 часот.
