Нови кривични пријави доби српскиот државјанин кој е главен осомничен за убиството на младиот охриѓанец Димитар Матлиески.
Србинот Бојан Угреновиќ од Краљево, кој на новогодишната ноќ брутално го претепа до смрт охриѓанецот, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства. Полицијата поднесе кривична пријава против него под сомнение дека тој заедно со неговите двајца пријатели користеле амфетамин.
Претходно против него беше поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „убиство на свиреп начин”.
Бруталното убиство на младиот Матилоски се случи на први јануари околу 02:30 часот во кафе барот „Табана” на улицата „Цар Самоил” во Охрид.
Несреќниот настан започнал со жестока расправија во барот меѓу Матилоски и двајца негови другари и тројцата Срби. Во вербалната расправија настанала и меѓусебна турканица во објектот „Табина”, каде имало новогодишна забава, и каде биле сместени тројцата осомничени.
По расправијата, Матилоски излегол од локалот и тргнал да си оди дома. Веднаш по него излегол и првиот осомничен, со намера да се пресмета со охриѓанецот. Србинот физички го нападнал и го удирал со рацете и нозете по главата. Овие удари беа смртоносни за 27-годишниот Матилоски, кој веднаш откако бил однесен во охридската болница им подлегнал на повредите.
По убиството, двајцата другари на Бојан Угреновиќ, кој е главен осомничен, се вратиле во „Табана”. Обидувајќи се да го прикријат делото, тие го сместиле Бојан во соба на нивни пријателки, а подоцна, кога се осигурале дека е безбедно, го вратиле во неговата соба.
Таму ги пронашла полицијата, каде освен тоа нашла и траги од крв на дел од облеката на првиот осомничен.