Средба на Ќосески со австралискиот министер за правда Кинан

Почесниот конзул на Република Македонија во Австралија Зоран Ќосески се сретна со австралискиот министер за правда, кој исто така е и министер задолжен за помагање на австралискиот премиер за антитероризам Мајкл Кинан.

Конзулот Ќосески го запозна министерот Кинан со досегашниот развој на настаните со бегалската криза во Македонија, како и начинот на справување со оваа бегалска криза од страна на Република Македонија. На средбата се разговараше и за примери од успешни австралиски бизнис инвестиции во Македонија.
Министерот Кинан истакнал дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина како и досега да ja почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија.

Останати вести