Македонската заедница од НЈВ минатиов вторник во Сиднеј имаше средба со Дејвид Колман, министер за емиграција, државјанства и мултикултура на Австралија.
Австралиско Македонскиот совет за НЈВ беше домаќин на средбата на која имаше 50 претставници на организации од заедницата. На средбата присутните имаа можност да се дружат со министерот Колман и беа информирани за пакетот на Владата на Скот Морисон од 71 милион долари, со цел да ги здружи Австралијците, вклучува 10 милиони долари за Програмата за училиштата во кои се изучуваат јазиците на заедницата, меѓу кои секако е и македонскиот јазик, за да им помогне на австралиските деца да научат повеќе за нивното културно потекло. Овој пакет инвестира во програмите со кои се зајакнува мултикултурата и им помага на сите заедници да бидат активен дел од Австралискиот економски и социјален развој. Со ова финансирање ќе се подобри секојдневниот живот и како комуницираме, живееме и се вклопуваме во поширокото опшество.
Локалните училишта за јазици на заедниците ќе можат да аплицираат да добијат до 25.000 долари за компјутерска опрема, наставни материјали, книги, мебел или со цела низа работи што им се потребни, изјави министерот Колман.
Џош Шерман, претседателот на Австралиско Македонскиот Совет за Нов Јужен Велс на оваа средба отвори дискусија за фондовите кои се наменети за осигурување на верските објекти после немилите настани во Нов Зеланд.

