Средби со пратеникот Наумовски

Во петокот во фудбалскиот клуб Сиднам Парк Македонија се одржа отворен состанок со пратеникот Васко Наумовски.

Заедно со конзулката Бети Коруновска тие одговараа на директни прашања на поединци од заедницата. Пратеникот Наумовски имаше вакви средби и во Канбера, Волонгонг, Сиднеј а после Мелбурн се очекува и средба во Перт каде ќе престојува од понеделник до четврток. Присутните поставуваа разни прашања како : зошто плаќаат данок на нивните куќи во Македонија, потоа ТВ таксата за која сметаат дека е нелогична бидејќи не ни живеат таму… потоа имаше жалби дека предолго време се чека да се добијат пасоши од Македонија итн.
Пратеникот Наумовски најави дека од 1 октомври 2014 сите од дијаспората што имаат македонски пасош ќе имаат исто право на здравствено осигурување како и Македонците што живеат во Македонија. Ова е уште една владина мерка за привлекување на пензионерите, но проблемот не е толку во скапотијата на медицината во Макеоднија колку што е нивото на здравствена нега, сметаат некои.
На оваа средба пратеникот Васко Наумовски му врачи плакета на младиот каратист Пеце Наумовски за неговата промоција на Македонците во Викторија.
Од конзулатот ја искористија оваа можност уште еднаш да апелираат за вадење на македонски пасоши, и најавија можност дека од 2015 година тие да се издаваат за две до три недели.

С.Г.

Останати вести