Македонија и официјално ја испрати кандидатурата за местото генерален секретар на Oбединетите нации. Претседателот на собранието на светската организација и советот за безбедност го добиле писмото со името на номинираниот диплмат, Срѓан Керим.
Кадидатура официјално поднесе и Хрватска, која ја предложи Весна Пусиќ.
Срѓан Керим се номинира за прв човек на Обединетиоте нации по предлог на Владата на РМ. Тој е поранешен министер за надворешни работи и беше претседател на 62. заседание на Генералното собрание на обединетите нации. Минатата година Владата одлучи да го кандидира Керим за оваа висока функција. Еве што оценија од Владата при обзнанувањето на кандидатурата.
Срѓан Керим важи за дипломат од карира, но сепак неговото име во Македонија се споменуваше во скадалот “Пари во шише”. Имено, пред неколку години неговиот возач беше фатен од унгарските цариници со 750,000 евра скриени во пластично шише. Керим е прв човек на МПМ, групацијата која ги поседува трите дневни весници: “Дневник”, “Вест” и “Утрински весник”.
Неодамна, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека кандидатите од Македонија, Црна Гора и Хрватска нема да ја имаат поддршката на Белград.
– Исто како што тие земји водат сметка за своите интереси и ние ќе водиме сметка за нашите интереси. Да бидам искрен кандидатите на Црна Гора, Македонија и на Хрватска сигурно не можат да ја имаат нашата поддршка, изјави неодмна Дачиќ.
Во трката се очекува да се вклучат десетина светски познати политички лидери. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун истекува на крајот на годината. Името на новиот шеф на светската организација се очекува да стане познато во септември.