Кариерата на голманот Стефан Петровски е доведена во прашање откако беше погоден од гром во Малезија

Австралискиот голман со македонско потекло кој беше погоден од гром додека тренираше во Малезија преживеа срцев удар, но се уште не постои индикација дали тој ќе може да игра фудбал повторно после откриените повреди на мозокот.

Осумнаесетгодишниот Стефан Петровски се бори за својот живот од минатата недела како резултат на гром што неочекувано паднал на железната рамка на голот при што го онесвестил. Првичните стравувања на собраните беше дека Петровски нема да го преживее инцидентот но за среќа тој беше оживеан од страна на лекарите и добива третман во една локална болница.
Тинејџерот од Сиднеј покажува добри знаци на закрепнување, но неговата фудбалска кариера виси на конец после скенирањето на мозокот кој откри церебрална Хипоксија исхемија, предизвикана од неговата борба за живот кога срцето престанало да работи и последователниот недостаток на кислород до мозокот.
Сериозноста на повредата се уште не е целосно позната а ефектите може да варираат од благи до значително оштетување што може да ги заврши неговите надежи за понатамошно активно играње фудбал. Петровски останува во болница подложен на медицински третман, а во емотивно писмо неговите родители велат дека се уште немаат јасно зацртано време што ќе биде потребно за неговото закрепнување.
“Да се каже дека ние сме уништени е потценување. Болката е неподнослива, но ние треба да бидеме силни и ќе продолжиме да бараме најдобар третман за него”, се вели во заедничката изјава. “Иако не е тешка повредата, во оваа фаза ние се уште не знаеме колку штета е направена. Ние сме среќни да изјавиме дека тој прави брзо закрепнување и покажа многу борбен дух. Иднината на Стефан сега не е јасна и очекуваме долг период на рехабилитација.”
Петровски неодамна се пресели во странство и потпиша тригодишен договор со Малака Јунајтед по стекнувањето на малезиски пасош.
Како голман претходно играше со Сиднеј Олимпик, клуб од Националната премиер лига на НЈВ. Неговиот трансфер беше опишан од страна на неговите родители како “сон”, и прв чекор кон една долга кариера како професионален фудбалер за Австралија, Малезија или Македонија. Несреќата засега го заспори и не успеа да го направи ниту своето деби во Лигата на Малезија за Малака Јунајтед, иако имаше веќе еден професионален настап за тимот во Купот на Малезија.

Останати вести