Стеријовски го земенува Бискиќ

Тренерот на Престон Македонија Јосип Бискиќ, после неделниот натпревар замина на заслужен одмор. На негово место доаѓа Антонио Стеријовски, кој во последните четири натпревари ќе ја предводи екипата на Лавовите.

Стеријовски  првите чекори во фудбалот ги направи токму во Престон Македонија, и е единствениот фудбалер кој му донесе на Престон Македонија 50.000   долари при трансферот во Бундес лигашот Тенис Борусија, во Гераманија. Зборуваме со претседателот на Престон Македонија Зоран Трајчески и со Аце Стојановски, еден од фудбалските директори, ги запрашавме дали Јосип Бискиќ ќе остане за идната сезона?

Јосип Бискиќ ке остане и за 2014 година, зашто не сакаме да ги менуваме тренерите и сакаме стабилност во екипата. Се надеваме за идната година да се засилиме со неколку фудбалери и ќе се обидеме да бидеме подобри од оваа сезона, рекоа двајцата челни луѓе на Престон Македонија. Иако во последните две години не видовме голем напредок во фудбалот, сепак оваа сезона екипата е во подобра ситуација од претходните, кога се бореше за опстанок до последното коло. Фудбалските екипи што годинава покажаа големо подобрување, како Мореланд Сити, Кило Парк и Сиднам Парк Македонија се екипи со голем напредок и би требало да се учи од нивниот достиг сезонава. Само да кажеме за нашата екипа Сиднам  Парк Македонија,  пред неколку години беше зад Престон Македонија и не само што стигна на исто ниво да се натпреварува    туку можеби оваа година едно скалило погоре.

С. Г.

Останати вести