Археолошки истражувања во Стибера

Екипа од прилепскиот Завод и музеј ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот град Стибера, кој се наоѓа во близината на с. Чепигово, Прилепско.

Според раководителот на проектот, археологот Душко Темелкоски, се истражуваат нови делови од две градби што беа откриени во ископувањата во 2014 година.
– Копаме на работилницата и светилиштето посветено на некое божество со птичјо лице. Култот кон божеството со атрибути на птица е единствена појава не само во Македонија туку и пошироко – истакнува Темелкоски, нагласувајќи дека досега не се откриени позначајни артефакти.
За годинашните истражувања Министерството за култура оддели $ 7,000.
Со години се истражува Стибера, но засега е откриено многу малку од градот, бидејќи поголемиот дел лежи на приватни имоти, кои државата треба да ги откупи.
Стибера постоела од 3 век пред нашата ера до 4 век од нашата ера.

Останати вести