Билетите за концертот на Стинг во Скопје се распродадоа за неколку часа

Само неколку часа од пуштањето во продажба, распродадени се билетите за концертот на Стинг во Скопје, соопшти организаторот „Авалон”.

За прв пат се случува настап на ваква светска ѕвезда да се продаде за толку кусо време.

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th”, по повод истоимениот албум, на 15 октомври во арената „Борис Трајковски” во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња – големиот Стинг.

Останати вести