Малата жлезда во облик на пеперутка, која се наоѓа на подрачјето на вратот има големо влијание на здравјето на вашето срце. Тироидеата (штитната жлезда) ги ослободува хормоните кои го регулираат метаболизмот и нивото на енергија.
Кај повeќето луѓе штитната жлезда ослободува иделна количина хормони, но кај некои ослободува премалку или премногу. Кога до тоа ќе дојде, здравјето на срцето може да биде загрозено.
Премалку хормони
Премалото ослободување на хормоните на тироидеата (состојба која се нарекува хипотиреоза) го забавува целокупниот организам. Првите симптоми се хроничен замор и нагло дебелеење. Поради тоа што нивото на хормоните продолжува да опаѓа, овие симптоми се влошуваат и доаѓа до настанување на поголем број симптоми кои стануваат и поинтензивни. Тоа може да биде запек, раздразнетост и тешкотии со концентрацијата и размислувањето. Кога тироидеата ослободува премалку хормони, органите добиваат помала количина кислород, исто како и срцето. Срцето не може непречено да работи и со секоја контракција пумпа помалку крв. Исто така, не е потполно исполнето со крв. Се зголемува крвниот притисок на подрачјето на рацето и нозете затоа што срцето се одмора помеѓу секоја контракција така што и крвните садови се под поголем напор. Нивото на холестерол и крвен притисок нагло расте. Може да дојде до компликации на веќе постоечките срцеви тегоби и болести. Хипотиреозата може да се контролира со земање хормони на штитната жлезда.
Премногу хормони
Прекумерното ослободување на хормоните на тироидеата (хипертиреоза) го поттикнуваат телото на прекумерно работење и го ставаат под дополнителен напор. Кога тироидеата ослободува премногу хормони, доаѓа до нарушување на рамнотежата во работењето на сите телесни органи. Срцето почнува да пумпа посилно и побрзо, често премногу брзо, но и неправилно. Нивото на крвниот притисок нагло се зголемува, а жените најчесто чувствуваат болка во градниот кош. Ризикот од настанување на срцев удар значајно се зголемува, дури и кај лицата кои не страдаат од срцеви болести. Терапијата за хипертиреоза зависи исклучиво од причината на настанувањето на нарушувањето. За среќа, кога неправилното отчукување на срцето е предизвикано од хипертиреоза, симптомите обично исчезнуваат кога ќе се започне со препишаната терапија.
Не чекајте долго за да побарате помош!
Ако се сомневате на проблеми во работењето на штитната жлезда, не чекајте бидејќи проблемите нема да исчезнат сами по себе. Доколку страдате од срцеви болести и се сомневате на проблеми во работењето на штитната жлезда, веднаш обратете се кај лекар бидејќи здравјето на целокупниот организам, особено на срцето и на крвотокот, значајно е загрозено.