Целта на САД во Украина е да создадат „опасно жариште” тензии на границата со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Сакам да ги прашам што е вашиот интерес во Украина. Не знам што бара САД во Украина, освен што сака да создаде долгогодишна опасност на границата со Русија”, рече Лавров гостувајќи на рускиот Канал 1, пренесе Тасс. Според него, предлогот на американскиот специјален пратеник за Украина Курт Вокер за распоредување на воен контингент на ОН од 30 или 40.000 војници во Донбас значи окупација на тој регион. Како што рече, договорот од Минск предвидува многу пошироки мерки од одржување избори, а се предвидени активности за на Донбас да му се даде посебен статус и да се спроведе амнестија за граѓаните.
Во исто време, тој оцени дека Франција и Германија би требало да играат поактивна улога во решавањето на проблемот на Украина како членка на Нормандиската група.