Што да правите ако сте биле во близок контакт со некого што има коронавирус

Ако сте имале контакт лице-во-лице подолго од 15 минути или сте поминале повеќе од два часа во затворен простор со некого кој бил тестиран позитивен на коронавирус додека бил заразен, тогаш вие сте близок контакт.

Близок контакт со некого може да се случи на многу начини, на пример ако се живее во исто домаќинство или се работи на исто работно место. Министерството за здравство и социјални служби (DHHS) ќе рече некому ако е близок контакт.
Мора да бидете во карантин во вашиот дом или во друго место за престој 14 дена од вашиот последен контакт со тоа лице. За повеќе информации јавете се на дежурната линија за коронавирус на 1800 675 398 (24 часа, 7 дена во неделата).
Ако се јавувате на дежурната линија за коронавирус, може да побарате преведувач одбирајќи ја опцијата нула (0). За сите други повици, ако ви треба преведувач, јавете се најнапред на TIS National на 131 450.
Зошто треба да сум во карантин?
Карантин значи дека не смеете да излегувате од вашиот дом или од местото за престој од која и да е причина, освен заради медицинска нега или во итни случаи. Секој кој е близок контакт мора да биде во карантин, бидејќи постои голема можност коронавирусот да биде пренесен на други луѓе. Најдобар начин да го заштитите вашето семејство и заедницата е да останете дома и настрана од други луѓе (физичко растојание).
Не смеете да излегувате од вашиот дом заради вежбање. Може да бидете казнети $4.957 ако излезете од дома додека мора да сте во карантин. Останете дома и останете безбедни.
Веднаш мора да отидете на местото каде ќе бидете во карантин, без да запирате никаде. Тоа е најчесто вашиот дом, но ако не може да бидете во карантин дома, ќе ви биде организирано место за престој.
Откако ви било речено дека сте близок контакт, мора тоа да му го речете на вашиот работодавец. На луѓето со кои живеете треба да им речете дека сте близок контакт.
Не смеете да излегувате од вашиот дом или од местото на престој, освен за барање медицинска помош или во итни случаи.
Издвојте се од други луѓе така што ќе престојувате во одделна соба.
Редовно мијте ги рацете и покривајте ги устата и носот кога кашлате и кивате.
Носете хируршка маска кога сте во иста соба со други луѓе и држете се 1,5 метар подалеку од нив.
Ако е можно, користете посебна бања.
Одбегнувајте заедничко користење предмети во домаќинството (вклучително и садови, чаши и прибор за јадење).
Чистете ги површините во домаќинството (маси, врати, тастатури, чешми и рачки) и често мијте ги алиштата.
Ако имате, носете ракавици кога фаќате валкани работи и секогаш мијте ги рацете.
Загадените предмети, како што се ракавици и маски, фрлајте ги во пластична ќеса вметната во кошница за отпадоци.
Не примајте луѓе во посета во вашиот дом или местото на престој.
Ако живеете во приватна куќа или стан, може да излегувате во градината или на балкон. Треба да носите хируршка маска кога се движите низ местото на престој.
Побарајте од пријателите или роднините кои не се во карантин, да ве снабдуваат со храна и други неопходни нешта.
Може да бидете казнети до $4.957 ако излезете од дома додека мора да сте во карантин. Останете дома и останете безбедни.
Додека сте во карантин, треба да внимавате на симптомите на коронавирус:
висока температура, кашлање, немање здив, тресење од студ или болки во грлото,„течење” на носот препотување И немање осет за мирис или вкус.
Ако имате кој и да е симптом на коронавирус, треба да се тестирате и веднаш да се вратите дома.
Дали треба да се тестирам ако сум близок контакт?
Ако имате кој и да е симптом на коронавирус, треба да побарате медицински совет и да се тестирате.
Јавете се на вашиот доктор или дежурната линија за коронавирус на 1800 675 398 (24 часа, 7 дена во неделата).
Ако се чувствувате добро и немате симптоми, ќе биде побарано да се тестирате околу 11-от ден од вашиот карантин.
Мора да носите превез за лице ако излегувате од дома заради тестирање. Одбегнувајте го користењето јавен транспорт, такси или споделен превоз. По тестирањето, мора веднаш да се вратите на местото каде сте во карантин.
Тестирањето за коронавирус е бесплатно за сите. Тоа ги вклучува луѓето кои немаат Medicare карта, како што се посетители од странство, странски работници и баратели на азил.
Колку долго треба да останам во карантин?
Министерството за здравство и социјални служби ќе ви јави колку долго треба да останете во карантин. Карантинот најчесто трае 14 дена, освен ако почнете да имате симптоми и/или сте биле тестирани позитивни на коронавирус.
Ако и натаму се чувствувате добро и немате симптоми, ќе биде побарано да се тестирате околу 11-от ден од вашиот карантин. Дури и да се чувствувате добро, додека го чекате резултат од тестот, не смеете да го завршите карантинот додека не ви биде речено дека е безбедно да го сторите тоа.

Останати вести