Што е договорено за Законот за државјанствo? Познавањето на македонскиот јазик е услов

Власта заедно со Алтернатива и Алијанса за Албанците постигнал конечен договор за измените во Законот за државјанство. Закoнското решение ќе влезе во собраниска процедура оваа недела.

Одбиено е барањето македонско државјанство да се добива само со познавање на албански јазик, затоа што тоа е противуставно.
Премиерот Заев делумно објави што е договорено.
– Тој што аплицира може да стане државјанин, но може и да не стане државјанин. Како државјанин користи македонски јазик, но може и албански јазик. Од 2003 година наваму само шест лица се одбиени поради непознавање на македонскиот јазик. Албанскиот јазик е официјален јазик на соседна земја. Кога доаѓаат да аплицираат граѓани од разни земји, од Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и од други, сите мора да бидат според Уставот еднакви пред властите на оваа земја. Стручната експертиза утврди што е во тој предлог закон уставно, а што не е, рече Заев.
Македонско државјанство ќе добијат оние кои од 90-тите години на минатиот век живеат овде, но не биле нејзини државјани. Постојаното живеалиште тука ќе треба да го докажат со неколку документи, како што се на пример свидетелства за завршено училиште.
Претходно двете партии го блокираа Собранието со барање да се реши статусот на луѓето кои долго време живеат овде, а немаат државјанство. Наводно се работи за околу 3.000 лица.

Останати вести