ПОСЛЕ НЕЗГОДИОТ ПАД НА СКАЛИ: Што се случува со Даниел Ендрус?

Премиерот на Викторија Ендрус од минатиот вторник се наоѓа во болница по пад на скали кога утрото тргнал на работа од неговата викендичка на полуостровот Морнингтон, при што скршил некои ребра и го повредил пршленот Т7.

“Рано утрото Даниел Ендрус е примен во болница откако се лизнал и паднал на влажни и лизгави скали”, стоеше во краткото соопштение од Кабинетот на премиерот.
Лекарите изјавија дека премиерот не претрпел повреди на главата но оти ќе треба време за тој да се опорави. За јавноста нема прогнози колку време.
На скенер се откриени неколку скршени ребра и оштетување на пршлени, а медицински конзилиум препорача да остане на интензивна нега во следните неколку дена. Се претпоставува дека премиерот нема да се врати на работното место барем еден месец, а можеби и повеќе.
– На Ендрус најверојатно ќе му треба долг период да се опорави по падот и му се препорачува да одвои време за целосно закрепнување, изјавија ортопедските хирурзи г-дин Џон Канингам и д-р Мајкл Гилеспи.
– За разлика од скршен глужд – кој можете да го ставите во гипс и да го одморите со помош на патерици – никогаш не можете вистински да го одморите ‘рбетот или ребрата, рече Канингам.
Скршените ребра се болни а кога оштетениот пршлен е во истата област, уште повеќе.
Може во меѓувреме да се користат појаси за да го стабилизираат оштетениот пршлен или други уреди за да го вратат ‘рбетот во соодветна форма.
Поради неговите повреди г-дин Ендрус ќе лежи во кревет и ќе биде под дејство на лекови против болка. Секој што доживеал сериозна повреда на грбот ќе разбере колку е тешко ова и дека нема да може работи.
Додека тој зема аналгетици и неговиот ум е окупиран од болка сите би претпочитале тој да не е на чело на државата.

Останати вести