Двочасовниот штрајк на работниците на аеродромите во Австралија предизвика доцнење на меѓународните летови.
Според најавите на штрајкувачите тие ќе го продолжат со прекини на работата до крајот на месецот.
Се работи за работници на пограничните и безбедносните служби кои штрајкуваат поради влошените услови за работа и намалените плати, наведувајќи дека нивните годишни плати се намалени во просек за околу 6.000 долари.