Во Македонија пак ќе се снима странски филм

Kомпаниите за филмска продукција од Франција и Велика Британија – „Marnie Digital” и „2017 Films”, се заинтересирани да снимаат во Македонија. Тие деновиве се сретнале со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. 

Продуцентите изразиле подготвеност својот следен интернационален високобуџетен филмски проект, кој го реализираат заедно, да го снимаат во РМ која во филмската дејност се промовира како дестинација со интересни филмски локации и атрактивни стимулативни мерки, како што се правото на поврат на ДДВ и ниски даноци.
Снимањето ќе започне на крајот од 2017 година. Продуцентите покажале интерес во проектот да вклучат и продукциска куќа и професионалци од филмската дејност од Македонија во овој интернационален проект, а музиката за филмот да ја изработат реномирани композитори од земјата.
Тие посетиле неколку локации во Битола и во Прилеп, како и во општина Зелениково, каде што е предвидено да се реализира проектот за изградба на филмско студио.
Најавиле дека во јуни годинава, кога се очекува да бидат прецизирани повеќе аспекти од реализацијата на нивниот филм, повторно ќе дојдат во Македонија кога ќе посетат нови локации и ќе остварат средби со македонски композитори кои веќе работеле на интернационални филмски проекти.

Останати вести