Зошто САД сакат да стационираат стратешки бомбардери во Австралија?

Соединетите Американски Држави преговараат во Австралија да разместат дел од своите стратегиски бомбардери, изјави претставник на Пентагон, што значи дека би биле во дострел на спорното Јужно Кинеско Море, а ваквиот потег би можел да ги засили тензиите со Кина.

Распоредувањето би вклучувало бомбардери Б-1 и проширување на мисијата на бомбардерите Б-52, изјави полковникот Демиен Пикарт, портпарол на американските воздухопловни сили на Пацификот, истакнувајќи дека преговорите се во тек и дека сè уште не е донесена одлуката.
„Овие бомбардери ќе им овозможат на нашите воздухопловни сили да ги унапредат и зајакнат регионалните сојузи и да им обезбедат на воздухопловните сили и пацифичката команда средства за уверлив глобален удар и одвраќање за да се помогне во одржувањето на мирот и безбедноста во индо-азиско-пацифичкиот регион”, изјави Пикарт.
САД во моментов не спроведуваат летови на Б-1 бомабрдерите од Австралија, но повремено имаат мисии на Б-52. Ако успеат да постигнат договор со Австралија, тоа би ги приближило американските воздухопловни сили до спорното Јужно Кинеско Море и потенцијално би ја налутило Кина.
Кина смета дека има право на целото спорно море, но Брунеи, Малезија, Филипини, Тајван и Виетнам ги оспоруваат тврдењата на Пекинг.

Останати вести