Емоциите кои ги имате премногу јасно се изразуваат на вашето лице. Сите промени кои се случуваат во телото се познаваат и на лицето. Не мислете дека сѐ што ви се појавува дека е само од нервоза или вишок маснотии.
Всушност секоја појава е предизвикана од различни емоции.
• Лутењето предизвикува осип
Лутината која се таложи и создава притисок најчесто може да предизвика иритација на кожата. Таа предизвикува испуштање на кортизол и адреналин во крвотокот што предизвикува осип.
• Акните се предизвикани од стресот
Стресот поттикнува излачување на кортизол кој неповолно влијае на кожата и може да предизвика дерматитис и акни.
• Адреналинот предизвикува црвенило
Ако сте возбудени, особено ако сте под постојан адреналин, ќе имате зголемена чувствителност на кожата. Црвенилото настанува со ширењето на крвните садови и напливот на крвта. Црвенилото се намалува ако шмукате коцки мраз.
• Депресијата предизвикува егзема
Траумата и анксиозноста го зголемуваат ризикот за егзема, потврдуваат германските научници. Исто така, овој тип на кожа е почест кај луѓе кои патат од депресија.